Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Во Струга во втор круг одат независниот кандидат Ќира и кандидатот на НАИ Далипи, во Вевчани победи Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ

Независниот кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќира и кандидатот на Националната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Независниот кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќира и кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Арсим Далипи, според првичните информации на Државната изборна комисија ќе се борат за градоначалничката позиција во вториот круг на локалните избори.

Ќира на прес-конференција вечерва се заблагодари до сите граѓани што гласале, како што рече, одговорно и не подлегнале на провокации, закани и манипулации.

– Денес е ден кога граѓаните на Струга без рaзлика на етничка верска или политичка припадност покажаа зрелост, достоинство и вистинска љубов кон местото каде што живеат. Ова е Струга каква што ја сакаме. Овој процес покажа дека моќта е во рацете на народот, во рацете на секој од нас кој верува дека заслужува повеќе. Денес победија слободните граѓани, победи Струга што работи и не се плаши, рече Ќира.

Реклама

Според ДИК, од преброени гласови на 83, од 101 избирачко место Ќира освоил 7.999, а Далипи 7.315 гласа. Во Единствениот избирачки список во општина Струга регистрирани се вкупно 62.711 гласачи.

Вевчани е подготвено за претстојниот Вевчански карневал, а полни се и сместувачките капацитети, потврди за МИА градоначалникот Спасе Кочовски.

Спасе Кочовски од ВМРО – ДПМНЕ во наредните четири години ќе раководи со Општина Вевчани. Тој во првиот круг од локалните избори освои 57,22 отсто, односно 440 гласови.