Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ: Континуитет во политиките за макроекономска стабилност, фискална консолидација и подобрување на перформансите на македонската економија

Владата останува посветена на одржување на макроекономската стабилност и унапредување на економските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата останува посветена на одржување на макроекономската стабилност и унапредување на економските перформанси со цел постигнување повисоки и одржливи стапки на економски раст. Во фокусот се и реформите во управувањето со јавните финансии и зачувување на фискалната дисциплина, со цел континуирана фискална консолидација. Ова беше истакнато на средбата на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, со извршниот директор на ММФ, Бо Ли, заменик генералниот директор на ММФ, како и со извршниот директор Јерон Клик, замениците на извршниот директор Марникс ван Рај и Владислав Рашкован, директорот на Европскиот оддел во ММФ, Алфред Камер и шефот на Мисијата на ММФ за нашата земја, Ник Гигинеишвили. На средбата учествуваше и гувернерот на Народната банка Трајко Славески. 

-Позитивните трендови во економијата, кои започнаа во втората половина на минатата година, продолжуваат и во 2025 година. Стапката на раст на БДП во последните четири квартали, од вториот квартал 2024 до вториот квартал 2025, се движи околу и над 3%. Државниот завод за статистика неодамна објави податок за растот на БДП во 2024 година од 3%. Нашиот приоритет останува стимулирањето на економскиот раст преку инвестиции во инфраструктурата и одржување значително ниво на капитални расходи во структурата на јавните финансии, истакнала министерката за финансии.

Таа дополнително посочила дека стабилизацијата на економијата е поткрепена со дисциплинирана фискална политика.

Реклама

-Остануваме посветени на одржување на фискалната стабилност преку фискална консолидација и зајакнување на дисциплината во управувањето со јавните финансии. Особено клучна улога ќе одригаат мерките за намалување на неформалната економија и подобрување на наплатата на даноците и приходите, како на централно, така и на локално ниво. Процесот на фискална консолидација веќе е започнат, а на среден рок се проектира намалување на дефицитот од 3,5% од БДП во 2026 година до 2,8% во 2029 година, нагласила министерката, потенцирајќи го и воведувањето на е-фактурата.

Димитриеска-Кочоска се осврнала и на процесот на приклучување на земјата во Единствената област за плаќања во евра – СЕПА, која носи многу бенефити за македонските граѓани и компании преку реализирање трансакции во евра со земјите од ЕУ на поедноставен, побрз и поевтин начин.

На средбите било посочено дека веќе се подготвува новиот буџет за 2026 година, кој го одржува континуитетот на политиките на фискална консолидација и поттикнување на економскиот раст.

Исто така, било истакнато дека се работи на спроведување на реформите предвидени со Законот за буџети, како и на реформските активности поврзани со Планот за раст на Европската комисија.

Министерката Димитриеска-Кочоска остварила средба со претставници на Одделот за фискални прашања на ММФ, каде беше потенцирана соработката во делот на развојот на капацитетите во различни области од управувањето со јавните финансии и обезбедување експертиза за спроведување на клучни реформи.

Овие средби на министерката Димитриеска-Кочоска се реализирале во рамки на Годишните средби на ММФ и Светска банка, кои оваа недела се одржуваат во Вашингтон. Покрај разговорите со претставници на ММФ, министерката во Вашингтон остварила и средби со високи претставници на Светската банка, Министерството за финансии на САД, како и со претставници на меѓународни финансиски корпорации.