Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Изборниот материјал поделен, одборите собрани, местата расчистени – се е подготвено за гласањето во недела

Доверливиот изборен материјал е веќе распределен, гласачките места се расчистуваат, изборните одбори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доверливиот изборен материјал е веќе распределен, гласачките места се расчистуваат, изборните одбори се собираат – Македонија е подготвена за првиот изборен круг. Утре прво гласаат болните, затворениците и луѓето од домовите за стари лица, а во недела – сите останати. Државната изборна комисија уверува дека сè е подготвено за мирен, безбеден и демократски изборен процес.

„Во текот на вчерашниот ден и денеска се дистрибуираше доверливиот гласачки материјал и таа процедура веќе завршува. Што значи дека општинските изборни комисии материјалите можат да ги предаваат на избирачките одбори. Заврши распределбата и на доверливиот и на недоверливиот материјал“, изјавија од ДИК.

Во избирачкиот список за овие локални избори запишани се 1.832.415 гласачи, а гласањето ќе се одвива на вкупно 3.474 избирачки места. Во шест избирачки места гласачи нема. Утре, сабота, први ќе гласаат 8.848 болни и немоќни лица, 2.162 затвореници, како и 450 гласачи во старски домови. Гласањето за сите останати избирачи ќе се одржи во недела од 7 наутро до 19 часот. На изборите ќе присуствуваат и над илјада домашни и странски набљудувачи.

Реклама

„Согласно изборниот законик и подзаконските акти на ДИК, процесот на акредитација на набљудувачи е на самиот крај. Во моментов акредитирани се 1.462 набљудувачи – 807 домашни, 644 меѓународни и 12 странски новинари кои ќе ги следат изборите“, соопштија од Државната изборна комисија.

Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово и Делчево се меѓу 21-та општина со по двајца кандидати, што значи дека таму нема да има втор круг на гласање и тие најверојатно ќе имаат нови градоначалници веќе следната недела. Во останатите општини ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. 

За идентификација на гласачите и овој пат ќе се користат апаратите за биометриска идентификација. ДИК има подготвено резервни уреди, а пропишана е и процедура доколку некој од нив откаже. Во пресрет на изборниот викенд, Министерството за внатрешни работи најавува засилено полициско присуство околу избирачките места и клучните сообраќајни точки.

 „Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално-технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење, а ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола со цел побрза реакција и преземање соодветни мерки и активности во случај на инциденти“, соопштија од МВР.

Министерството апелира граѓаните и политичките партии да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес.