Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Неколку компании од одбранбената индустрија се заинтересирани за инвестирање во Македонија, најави Мисајловски 

Во Министерството за одбрана на месечно ниво доаѓаат по неколку компании од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Министерството за одбрана на месечно ниво доаѓаат по неколку компании од секторот на одбранбената индустрија кои се заинтересирани да ги разгледаат можностите за да инвестираат во Македонија, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски во изјава од Брисел. 

– Мислам дека наскоро ќе се потпише и Меморандум за соработка со една од тие компании, а има и друга македонска компанија што сака да се прошири, рече Мисајловски. 

Тој најави дека една македонска фирма потпишала меморандум со странска компанија за изградба на фабрика, а дека постојат и уште две-три други иницијативи во чии рамки за разговара за земјиште, за постоечката легислатива и за начините и процедурите за инвестирање. 

Реклама

– Добро е што има компании што сакаат да дојдат во Македонија, бидејќи сепак ова е специфична наменска индустрија. Добро е да има напредок на ова поле по повеќе години застој, рече Мисајловски. 

Министерот нагласи дека државата и Владата ги охрабруваат овие компании да инвестираат и се подготвени да им помогнат во тоа преку расположливите инструменти. 

– Секој е добредојден, како и секоја компанија што има добра намера. Таа добра намера, се разбира, треба да се преточи во инвестиција. Како Влада ќе помагаме и важно е таа индустрија се повеќе и повеќе да ја развиваме. Ќе дадеме се од себе како држава да привлечеме странски инвестиции и најдобро би било овие фабрики да се градат во оние делови од нашата земја каде има потреба за тоа. Ќе работиме на тоа поле и се надевам дека наскоро ќе бидете сведоци на потпишување на еден ваков меморандум, додаде Мисајловски.