Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Марковски : „План за Водно“ за заштита и искористување на потенцијалите на планината

Планот за Водно“ е составен од мерки и политики кои имаат за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Планот за Водно“ е составен од мерки и политики кои имаат за цел заштита на овој дел од Скопје и овозможување на подобри услови за рекреација и спорт на сите граѓани –  посетители, се наведува во соопштението на Независни заедно. 

Професорот Марковски ја посочи заложбата за продолжување на жичарата, но и изградба на јавни тоалети (на почетокот, на Средно Водно и на врвот).

Дополнително, тој истакна дека до Средно Водно во текот на викендите ќе биде забранет сообраќајот, а ќе можат да се движат единствено електрични автобуси (до Средно Водно).

Реклама

Марковски зборуваше и за изградба на станица за прва помош на Средно Водно, како и за  нова mountain biking – велосипедска патека направена по современи стандарди.

Станува збор за мерки и политики кои се креирани во консултација со граѓаните, со луѓе кои поминуваат поголем дел од своето време на Водно, како едно од местата препознатливо за градот и за државата.

Кандидатот за градоначалник ги повикува граѓаните да гласаат за вистински промени, број 128 за градоначалник на Скопје и број 35 за листата советници за Град Скопје предводена  од Јана Белчева Андреевска.