Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

РКЕ ги издаде првите лиценци за батериски систем за складирање електрична енергија од обновливи извори

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги издаде првите лиценци за батериски систем за складирање електрична енергија од обновливи извори на компанијата „Енерго солар системи“.

Како што информира РКЕ, станува збор за два батериски система со вкупна инсталирана моќност од 2600 киловати,  инсталирани во склоп на две различни фотонапонски електроцентрали кои се веќе изградени и во функција.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски истакнува дека издавањето на овие лиценци во кои се вклучени батериски системи за складирање електрична енергија „го означува почетокот на еден нов инвестициски циклус во енергетиката“.

Реклама

-Воведувањето на батериите во пракса значи забрзана енергетска транзиција преку создавање одржлив, ефикасен и еколошки енергетски систем во земјава. Во РКЕ очекуваме голем број сопственици на ФЕЦ да поднесат барање за инсталирање на „сториџи“, но исто така очекуваме интерес да пројават и компании кои би биле самостојни оператори на складишта само со батериски системи. Употребата на батериите ќе придонесе за сигурно и доверливо функционирање на системите, а едновремено и за економски посигурен и поефикасен енергетски пазар. Тие можат да даваат услуги на операторот на електропреносниот систем за балансирање на истиот, како и одржување на одредени параметри на мрежата во пропишани граници. Складирањето енергија во периоди кога има вишок и нејзино користење во периоди кога потребите од електричната енергија се зголемуваат се очекува да влијае и врз намалување на вкупните трошоци во системот, посочува Бислимовски. 

Условите, постапката и потребната документација за добивање  лиценца за складирање електрична енергија се уредени во Законот за енергетика и Правилникот за лиценци.