Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Коњановски: Инвестиции во фотоволтаици и субвенции за енергетска ефикасност за граѓаните на Битола

Како локална самоуправа веќе сме препознати од македонската и меѓународната јавност, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како локална самоуправа веќе сме препознати од македонската и меѓународната јавност, како пример за еколошка свест и одговорност, преку вложувањата во енергетската ефикасност и заштита на животната средина. Продолжуваме со уште позасилено темпо, изјави Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Воведуваме субвенции за енергетска ефикасност и одржливост: нови фасади, дограми, велосипеди, соларни колектори и фотоволтаици, мерки со коишто ќе го намалиме загадувањето и значително ќе ги намалиме трошоците за енергија кај граѓаните.

На нашите училишта, градинки, јавни институции и старскиот дом „Сју Рајдер“ ќе бидат поставени фотоволтаични системи кои ќе произведуваат чиста електрична енергија и ќе придонесат за енергетска независност.

Реклама

Создаваме нови паркови и спроведуваме пошумувања, заедно со активности за едукација на граѓаните за правилна селекција на отпад. Веруваме дека секој поединец има улога во заштитата на природата.

Во партнерство со стручни институции, воведуваме конкретни решенија за намалување на загадувањето. Ќе поставиме повеќе пунктови и контејнери за селекција на отпад, а со силна едукативна и медиумска кампања ќе ги охрабриме сите да станат дел од промената.

Нашата заедничка мисија е да изградиме почиста, поздрава и поодржлива средина, за нас, за нашите деца и за идните генерации.

Вистински избор е зелена и модерна Битола!