Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Меџити и Вардар го претставија Мастер планот за Чаир, сеопфатна визија за модерна, функционална и урбано силно идентификувана општина

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити во соработка со светски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити во соработка со светски познатиот архитект, Бајрам Вардар, денес го претставија Мастер планот за Чаир, стратешки документ кој има за цел трансформација на општината во модел на одржлив развој, со модерна инфраструктура, урбано зеленило, културни простори и нови образовни и младински центри, се наведува во соопштението на кандидатот за градоначалник на Чаир Изет Меџити.

Мастер планот е резултат на работењето на широк тим експерти од Турција и Македонија, под водство на архитектот Бајрам Вардар, урбанист со потекло од Скопје, кој изгради успешна кариера во Турција и беше дел од тесниот тим на претседателот Реџеп Таип Ердоган за време на неговиот
мандат како градоначалник на Истанбул. Во тимот учествуваа и познатите експерти Надир Доган и д-р Мустафа Тутар, заедно со локални специјалисти кои обезбедија прилагодување на планот кон реалните потреби на Чаир.

Мастер планот се темели на седум клучни столбови на развој:

Реклама

Транспорт и сообраќај
Заштита на културното наследство
Туризам и економија
Образование
Култура и уметност
Рекреација и спорт
Урбана трансформација

Фокусот на планот се конкретни решенија за олеснување на сообраќајот и модернизација на инфраструктурата. Визијата предвидува изградба на булеварот “Хрватска” и “Црна Гора”, што ќе овозможи движење од Автокоманда кон Сарај без да се минува низ Чаир. Исто така, предвидено е
проширување на булеварите “Митат Фрашери”, “Џон Кенеди” и “Цветан Димов”, како и оптимизација на клучните сообраќајни точки за зголемување на протокот. Еден од најзначајните проекти е изградбата на кружниот тек околу парк-шума Гази Баба.

Друг клучен елемент е ревитализацијата на Стариот Чаир, со конкретни мерки за зголемување на бројот на туристи, развој на економијата и културниот живот, со трансформација на традиционалните ханови во функционални центри и епицентри на урбани активности.

Проектот предвидува и создавање на 5000 нови паркинг места, вклучувајќи механички паркинзи, како и изградба на нови младински центри, реновирање на постоечките училишта и креирање на модерен кампус за Универзитетот “Мајка Тереза”.

Посебно внимание во Мастер планот е посветено на проектот „Модерна Топхана“, кој има за цел трансформација на населбата Топхана во иконичен и атрактивен простор за Скопје, со спојување на траги од верски, културни и историски вредности со современ архитектонски јазик, во
согласност со стандардите на Европската Унија.

На настанот за презентација на Мастер планот присуствуваа граѓани, архитекти, урбанисти, претставници на медиуми и јавни личности, кои ја поздравија оваа иницијатива како голем чекор кон трансформација на Чаир во европска општина со силен урбан и културен идентитет.