Реклама

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Македонија

Ампева: На „Текстилијада 9“ зборуваме за тоа колку синдикатите се моќни, автономни и независни

Работнички права, зголемување на минималната плата на работниците и како да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работнички права, зголемување на минималната плата на работниците и како да се задржат работните места, се дел од темите на денешните дебати на „Текстилјада 9“ во Штип, која веќе втор ден се одржува во организација на „Гласен Текстилец“ во соработка со Општина Штип. Кристина Ампева претседателка на „Гласен текстилец“ вели дека дополнително тема на една од дебатите беше и положбата на жените во ова општество и на работните места.

-Зборуваме за тоа колку синдикатите се моќни, колку се автономни, колку се независни, бидејќи гледаме едно раслојување на синдикатите, рече Ампева.

Текстилната индустрија се наоѓа во опасност, а со тоа и задржувањето на работните места. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов посочи дека една од заложбите на ССМ е и како да се спречи оваа појава.

Реклама

 -Мислам дека тоа треба да биде во фокусот на денешниот ден. Но сметаме дека покрај правата на синдикалното организирање, формирање на синдикатите и нивното функционирање поважно е да зборуваме за работничките плати, губењето на работните места и опасноста во која се наоѓаат, имајќи во предвид дека текстилната индустрија е во опасност, рече Трендафилов.

Вечерва во рамки на „Текстилијада 9“ ќе има и претстава во Народниот театар Штип, а во текот на вчерашниот ден имаше изложба, литературен конкурс.