Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Лабудовиќ: Центар мора да има ред во паркирањето

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, ја истакна својата решителност да стави крај на хаосот во паркирањето кој со години го обременува секојдневието на граѓаните, се вели во соопштението од Движењето ЗНАМ – за наша Македонија.

„Во Центар паркира кој каде ќе стигне. По тротоари, велосипедски патеки, до контејнери. Општината стана симбол за општ хаос и небезбедни простори за движење. Во нашата општина секојдневно циркулираат неколкукратно повеќе возила од тие што се во сопственост на жителите. За да паркираш тука треба да си магионичар,“ изјави Лабудовиќ.

Тој нагласи дека проблемот е јасен – Центар има очајна потреба од зголемување на капацитетот на паркинг места, но и од воспоставување нов систем кој ќе донесе ред и еднакви можности за сите.

Реклама

„Ќе го прошириме капацитетот на постоечките паркинзи и ќе изградиме нови катни гаражи на најфреквентните локации. Но, ќе воведеме и смарт-паркинг систем со дигитална контрола и фер наплата. Така ќе дадеме еднакви можности за сите “ додаде Лабудовиќ.

Тој потенцираше дека клучната цел е воспоставување ред: „Паркирање по тротоари и велосипедски патеки не смее да има. Центар мора да има ред во паркирањето!“