Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го демантира Венко, пред 1 година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДСМ

Филипче го демантира Венко, по стапките на неговиот ментор како што Зоран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче го демантира Венко, по стапките на неговиот ментор како што Зоран го демантираше Заев. Политичката недоследност и дволичност на Филипче оди до таму што предлага „црвени линии“ за заштита од францускиот предлог за кој пред една година самиот го прогласи за дипломатска победа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Самиот Филипче на 1 октомври 2024 година на прес-конференција изјави дека францускиот предлог е победа и голем успех на нашата дипломатија, за денес само после 1 година да предлага наводно патриотски црвени линии против предлогот којшто го славеше.

Кога лаже Венко? Кога славеше со Заев и тврдеше дека францускиот предлог е дипломатска победа или лаже денес кога нуди предлог резолуција со црвени линии која е всушност во интерес на источниот сосед?

Реклама

Што се смени во меѓувреме, освен интересите на Филипче и неговиот ментор Заев?

Филипче и СДСМ не се водени од државниот интерес туку од политички калкулации, личен бенефит и обид да се задржи Филипче на врвот на СДСМ.

Предлог резолуцијата со црвени линии на Филипче не е ништо друго освен дополнително поттчинување на Македонија со цел СДСМ да се испазари за да дојде на власт со надеж дека источниот сосед или некој од меѓународната заедница ќе им помогне. И обид во најмала рака Филипче да ја задржи фотелјата во СДСМ.

Филипче ќе направи се, само да дојде на власт, а со предлогот со црвени линии, дополнително би ја потчинил Република Македонија на ист начин како што тоа го направи Бујар Османи со францускиот предлог и анексите коишто ги прифати во корист на соседна Софија.

Граѓаните ја препознаваат шемата на СДСМ, шемата на Заев и Филипче со патриотизмот. Граѓаните знаат дека СДСМ во коалиција со ДУИ ја уназадија Македонија и ги подриваа позициите на земјата.

Затоа наместо Филипче да нуди предлог резолуции со црвени линии, по катастрофалниот пораз на овие избори нека спреми предлог за сериозни реформи во СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Филипче да го заврши предавството што го започнаа Заев и Бујар Османи. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на своите принципи, Македонија никогаш повеќе нема да биде понижена и уценувана.

Затоа време е да се направи Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!