Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Маја Мијовска Мојсова: Мојата и наша кампања ќе биде едноставна, без навреди и омаловажување кон моите противкандидати

Дозволете ми на почетокот на кампањата за Локалните избори 2025, да ви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дозволете ми на почетокот на кампањата за Локалните избори 2025, да ви се обратам како кандидатка за градоначалничка на Општина Карпош, предложена од мојата партија Социјалдемократски сојуз на Македонија. Мојата и наша кампања ќе биде едноставна, без навреди и омаловажување кон моите противкандидати и, ова сакам особено да го нагласам, нема да биде материјално оптоварена, се наведува во соопштението од обраќањето на кандидатката за градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ, Маја Мијовска Мојсова.

Убедена сум дека во 2025 година, во една од нај урбаните општини, не само во Скопје, ниту еден политичар не треба да ја очекува вашата поддршка и да го бара вашиот глас, во замена за кафе, сендвич, или „комшиски“ појадок.

Не, драги мои Карпошани. Од мене тоа не треба да го очекувате бидејќи јас нема да се обидам да ве поткупам со мали пакетчиња.

Реклама

Но, затоа од мене треба да очекувате да бидам присутна во сите месни заедници, во секое маало, на сите места каде вие драги мои Карпошани, се дружите, работите и уживате во секојдневието.

Од мене треба да очекувате да се видам со секој еден од вас, да го слушнам вашиот глас, вашите потреби, вашите маки, но и да ме запознаете мене и да ви ја претставам мојата визија за нашиот Карпош.

А во мојата визија има инфраструктурните проекти, бидејќи се неминовни, но тие се приспособени на вашите потреби. Во мојата визија одржувањето на зелените површини, местата за одмор, спортските терени и детските игралишта е сосема вообичаена секојдневна работа на општинските институции, со кое ниту јас, ниту Општинската администрација, нема да се фали.

Во мојата визија младите се најважниот столб на општеството, а ние сме должни да им понудиме подобри услови и заедно со нив да се бориме за Карпош, за нашиот дом.

Како лекар, во мојата визија здравјето на граѓаните е најважно, и затоа редовното чистење и миење на улиците, дезинфекцијата на контејнерите за отпад и неговото редовно собирање, имаат висок приоритет.

Драги мои Карпошани, немам намера, ниту пак ќе дозволам, да бидам заложник на големите бизнис интереси и центри во општината, градот или земјата, особено не на штета на граѓаните на Карпош. Нема да дозволам парите и моќта да надвладеат пред основните хумани потреби на моите Карпошани.

Дозволете ми да споделам со вас дека во изминатиот период следев некои анкети (не знам од кого се нарачани), преку кои се обидуваат да наметнат наратив дека нас практично не ни се потребни избори, доволно е само да направиме анкети и можеме да ги назначиме советниците и градоначалниците.

Уште потрагично, нарачателите на овие анкети, некако се трудат, преку нив, да направат своевиден политички фемицид, исклучувајќи не нас жените, од трките за градоначалнички, па изборите заличуваат на борба на гладијатори, а не на најдемократскиот процес.

Но, со самото тоа што се обидуваат да ме маргинализираат, овие „гладијатори“, само покажуваат колку е голем нивниот страв од мене.

Јас сум Маја Мојсова Мијовска и сум кандидатка за градоначалничка на општина Карпош.