Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

Средба на Жаклина Пешевска со Кимберли Флечер, претседателка на Мајките за Америка

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска и Лидија Петкоска, членка на Комисијата, денеска во Соранието остварија работна средба со Кимберли Флечер, претседателка на Мајките за Америка.

На средбата, информираат од собраниската прес-служба, Пешевска ја запозна Флечер со личните и професионални достигнувања, но и предизвици со кои се соочила во својата досегашна кариера како пратеничка, истакувајќи дека жените може да бидат успешни како мајки, но и политичарки.

Во фокус беа прашањата за улогата на жените во политиката, процентуалната застапенот во рамки на локалната, парламентарна и извршна власт во државата, усвојувањето на третиот Акциски план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите на Собранието 2025-2027, донесен годинава на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

Реклама

-Правото на користење на надоместок за мајчинство за жените земјоделки, заштита од дискриминација и семејно насилство на жените, намалување на ДДВ за менстуралните производи, програми за демографија и за наталитетот, поддршка на лицата кои ќе се вратат од странство, како и спречување на одливот на мозоци итн., се само дел од превземените активности и достигнувања во однос на јакнење и унапредување на улогата на жените во општеството, сподели Пешевска.

Флечер и Пешевска меѓусебно разменија мислење за правниот систем и законодавството на двете земји, моменталната состојба во судскиот систем, воедно споделија и искуство и механизми како тоа да се подобри во иднина.