Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

Ѓорѓиевска од ЗНАМ Куманово: Градење општина, промотор на солидарност, еднаквост и социјална инклузија

Целодневен престој за ученици со посебни потреби во училиштата, спортска сала приспособена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целодневен престој за ученици со посебни потреби во училиштата, спортска сала приспособена за потребите на лицата со попреченост, инклузивен пристап за сите, се дел од мерките опфатени во програмата на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија кои на денешната прес-конференција ги презентираше носителката на листата Ивана Ѓорѓиевска.

– Инклузивноста е срцевината на едно праведно и хумано општество. Секој граѓанин, без разлика на возраста, полот, етничката припадност или способности, има право на еднаква шанса да учествува во заедницата. Наша обврска како Општина е да создадеме услови во кои сите ќе бидат слушнати, поддржани и вклучени, кажа Ѓорѓиевска.

Во програмата на ЗНАМ предвиден е инклузивен концепт, пристапни веб-страници, културни и спортски содржини, јавни простори и услуги без бариери, рампи и пристапни санитарни јазли во сите училишта, адаптирани тротоари за непречено движење на лицата со посебни потреби.

Реклама

– Звучни семафори на клучни локации во централното градско подрачје. Тактилни патеки за лицата со оштетен вид кон институциите и кон јавните објекти. Пристапност во општинските згради, во јавните претпријатија и во градинките. Достапни автобуски постојки – со рампи, говорна најава и јасни ознаки. Вклучување пристапни автобуси со звучни апарати во јавниот превоз. Пристапност до културни и спортски објекти од јавен интерес. Поддршка за центри за социјализација и психолошка поддршка за лица со посебни потреби и за нивните семејства. Шелтер и советувалиште за жртвите на семејно насилство. Поддршка на програми за ресоцијализација за маргинализирани групи на граѓани. Бесплатни активности за деца од социјално загрозени семејства (курсеви, спортски активности, екскурзии). Продолжување на постојните мерки за социјална заштита. Општинско-корисна работа – ангажман на невработените како асистенти во образованието и во грижата за старите лица, најави Ѓорѓиевска.

Таа кажа дека Куманово отсекогаш било град на различности, каде што луѓето се почитуваат, поддржуваат и градат заедничка иднина., додавајќи дека визијата на ЗНАМ е градење општина- – промотор на солидарност, еднаквост и социјална инклузија.

– Денеска остваривме средба со претставници на невладината организација „Инклузива“, како и со претставници на Центар за жртви од семејно насилство, на кои ги потврдивме нашите заложби за градење на инклузивна Општина која ќе остане промотор на солидарност, еднаквост и социјална инклузија. Ние се залагаме за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост, како и за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Заедно со градоначалникот работиме на инклузија за сите лица и даваме финансиска поддршка на здруженија од овој тип, рече Ѓорѓиевска.

На прес конференцијата, носителката на листата потсети дека општината, изминатиов период спровела повеќе мерки бесплатен јавен превоз за сите граѓани, проектот „Народна кујна“, субвенционирање на трошоци за комунални услуги, обезбедување на помош за домување на станбено необезбедени лица, еднократна финансиска помош за социјално најзагрозените како и социјални услуги преку програмата „Општинско корисна работа“ Социјална инклузија на децата – Роми во детските градинки.