Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Скопје секој ден изгледа полошо од претходниот – ЈП „Комунална хигиена“ се однесува како да е претпријатие во Лос Анџелес

Градоначалничката Данела Арсовска изгледа целосно крена раце од Скопје. И покрај тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката Данела Арсовска изгледа целосно крена раце од Скопје. И покрај тоа што граѓаните со денови се жалат дека градот е преполн со ѓубре и практично се претвори во една голема јавна депонија, нема никаква поголема акција за чистење.

Во обиколка низ градот, објективот на ТВ Алфа забележа контејнери кои се уште беа преполни со секаков вид отпад меѓу кој гранки, пакети, кабаст отпад и секаков вид на расипана и гнила храна кој смрди и го загрозува здравјето на скопјани. Освен контејнерите што се преплавени зафатени се дел од тротоарот и пешачката патека во строг центар од вреќи отпад.

Од јавното претпријатие Комунана хигиена се правдаат – скопјани фрлале премногу ѓубре, па тие не можеле да постигнат. Велат дека во последниве денови се соочувале со огромна количина на комунален, кабаст и градежен отпад како во самите контејнери, така и во нивната околина. Со други зборови, за тоа што главниот град се претворил во депонија, Комунална хигиен ги обвинува скопјани. Од друга страна, граѓаните веќе губат трпение.

Реклама

Ова не е прв пат скопјани да се соочат со преполни контејнери и канти за отпадоци пред домовите. Пред две години вработените во Комунална хигиена изглегоа на штрајк, а главниот град се гушеше во смет и смрдеа. Одговорност од Арсовска немаше, а градоначалниците од скопскиот регион тогаш ги засукаа ракавите и сами исчистија во своите општини.

Давид Крстевски