Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Андоновски: Македонија до декември ќе ги исполни условите за „Роаминг како дома“ со ЕУ

Крајот на есента, односно почетокот на јануари примената на вештачката интелегенција ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Крајот на есента, односно почетокот на јануари примената на вештачката интелегенција ќе станува секојдневие и во училиштата во руралните средини, најави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Ова е проект што го почнуваме со бритиш коунсил школи на 21 век и ќе започне со реализација јануари 2026 година, затоа што потребни се подготовки со наставниците да можат да го учат кодирањето, примената на кодирањето и алатките на вештачката интелегенција и сајбер безбедност во наставата. Ќе започнеме со работа со наставниците кон крајот на есента, а почетокот на јануари веќе ќе започнеме со работа со училиштата и ќе почнеме токму така од руралните средини.“- изјави Стефан Андоновски.

Во меѓувреме, Албанија доби прв виртуелен Министер во светот создаден од вештачка интелегенција. Колку вештачка интелегенција е застапена во македонската јавна администрација и во владините процеси, Андоновски вели не е често.

Реклама

Во јавниот сектор се употребува спорадично , според извештаите на државниот завод за ревизија до сега имало десетина проекти со употреба на вештачка интелегенција во јавниот сектор, но тоа навистина не е нешто што е систематско. И јас повеќе претпочитам да тоа навистина се користат алатките на машинско учење на вештачка интелегенција во работата отколку од тоа да се прави само ПР.“- изјави Стефан Андоновски.

Министерот за Дигитална трансформација ја најави организацијата на Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025, кој повторно ќе се одржи во Скопје, на 1 и 2 октомври 2025 година, во Музејот на современата уметност. На самитот се очекува да се усвои и мерката за 0 трошоци за интернет за македонските и граѓаните од Западниот Балкан кога патуваат во ЕУ. Меѓу другото на самитот ќе се презентираат практични примери за како побрзо да се обезбедат помалку шалтери и повеќе онлајн решенија, функционални прекугранични услуги, посилна заштита на личните податоци и мерки за сајбер-безбедност, зајакнување на дигиталните вештини со цел поголема подготвеност за пазарот на труд. Андоновски додаде и дека таканаречената, информациско-комуникациска стратегија е веќе во владина процедура, со очекување дека до крајот на есента ќе помине во Влада. Таа е еден од клучните столбови за воведување на  вештачката интелегенција што значи дека ќе имаме специјален акционен план и рамка за имплементација – прво во јавниот сектор, а потоа и во приватниот.