Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Ле Риголер: Реформите да не се сфаќат како обврска, туку како нешто добро за земјата од кое бенефит ќе имаат сите граѓани

Процесот на европско приближување е процес на спроведување реформи и трансформација. Но,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Процесот на европско приближување е процес на спроведување реформи и трансформација. Но, реформите што ги бара ЕУ не треба да се сфатат како ограничувачки, нитуа треба да се сметаат како обврска која треба да се спроведе зашто ЕУ го бара тоа, туку треба да се сфтатат како нешто што е добро и позитивно за земјата и од што бенефит ќе имаат сите граѓани, рече денеска францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер.

Одгворајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Меморандумот за соработка со Министерството за јавна администрација (МЈА), Ле Риголер напомена дека Франција одблиску го следи спроведувањето на реформите во земјава. Сепак, тој не сакаше да даде оценка за тоа каква е моменталната состојба во македонија и дали има реални шанси за напредок кон европското семејство. Наместо тоа, порача да се причека Извештајот од Европската комисија за напредокот што треба да биде објавен наскоро.

-Одблиску го следиме спроведувањето на реформите. Набрзо ќе биде издаден Извештајот од Европската комисија за напредокот на сите држави кандидати за влез во ЕУ, вклучително и за земјава. Да почекаме да го погледнеме, да видиме што ќе содржи. Суштинската работа во која длабоко верувам е следната: реформите што ги бара ЕУ не треба да се сфатат како ограничувачки, не треба да се сметаат како обврска која треба да се спроведе зашто ЕУ го бара тоа, туку реформите треба да се сфатат како нешто што е добро и позитивно за земјата, чиј бенефит ќе го имаат сите граѓани, истакна амбасадорот.