Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Мицкоски: На локалните избори ќе победи владината коалиција

На локалните избори ќе победи владината коалиција, изјави премиерот Христијан Мицкоски. –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На локалните избори ќе победи владината коалиција, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

– Од тоа што го гледам во бројките и од анкетите, победува владината коалиција, нагласи Мицкоски.

Прашан за одлуката на Левица да оди на избори со свои кандидати во Тетово, Гостивар и Струга, со образложение дека не ја забораваат западна Македонија, тој кажа дека со тоа Левица ја спасува ДУИ.

Реклама

– Во изборниот процес учествувате за да победите. Левица кажа дека не ја забораваат западна Македонија и ќе имаат кандидати во Тетово, Гостивар и Струга. Но, зошто и во другите општини во западна Македонија немаат свои кандидати. Ако знаете дека нема да победите, а кандидирате кандидат, тогаш сте или нефер кон кандидатот или имате друг политички договор вие да бидете прокси кандидат, а да победи некој друг, рече Мицкоски.

Тој се осврна и на тоа зошто ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе имаат кандидат за градоначалник во Кичево, но не и во Тетово, Гостивар и Струга.

– Во Кичево мислиме дека ќе победиме, а во Тетово, Гостивар и Струга и во други општини каде сметаме дека не можеме да победиме и нема да имаме свој кандидат, и затоа ќе го поддржиме коалицискиот партнер, изјави Мицкоски.

Во однос на ДУИ тој ги отфрли тврдењата дека со критиките за криминал и корупција го крева нејзиниот рејтинг. Прашан дали по обвинувањата за криминал и корупција има приведени членови на ДУИ, рече дека има 20-тина кривични пријави против високи функционери на ДУИ, но зошто не се процесуирани и се на слобода за тоа одлучуваат обвинителството и судот, а не Владата.

Мицкоски потсети на неговата изјава дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа навистина се случи и тие веќе 15 месеци се во опозиција.

За обвинувањата дека за сè е виновна претходната власт, кажа дека тоа се луѓето кои седум години го уништуваа системот, ги клекнаа институциите на колена и го направија најголемиот грабеж во историјата, и тоа не може да се поправи за 15 месеци, иако оваа влада досега успеа да поправи многу.

– Не можеме наеднаш да поправиме се што со децении било уништувано. Направивме многу, а уште повеќе останува да се направи. Ние сме единствената влада која привела министер од сопствените редови, тоа не се случило никому, а знаеме дека голем е бројот на министри кои учествувале во такви девијантни однесувања во минатото. Ветувавме чесна и напорна работа, и тоа го правиме во изминатите 15 месеци. Нема скандали на грабеж, криминал, на висока корупција, како што имаше во изминатите години на дневна основа, изјави премиерот Мицкоски.

За тоа дали актуелната власт е одговорна, како што нагласи, ќе решат граѓаните на избори.