Реклама

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

Прилози

Пожарите во Вардариште и Трубарево целосно под контрола- опозицијата шири паника, наместо да помогне

Вардариште и Трубарево целосно под контрола, во Дрисла останува во најбрз рок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вардариште и Трубарево целосно под контрола, во Дрисла останува во најбрз рок да се заврши целиот проблем. Премиерот Христијан Мицкоски, вели дека Владата активно работи со цел справување на проблемите кои настанаа со низата пожари последниов период во Скопје, пред се во депониите во главниот град.

-Оној во Труабарево и Вардариште се целосно под контрола, утрово ги добив и последните резултати од Институтот за јавно здравје, сите параметри се во рамките на дозволеното, така што мислам дека тој дел е затворен. Во Дрисла е при крај, денеска завршува затрупувањето со земја на оној мал дел кој што димеше, иако повеќе од 90 проценти уште во понеделникот беше завршена таа активност, така што би рекол еве состојбата е под контрола, изјави Мицкоски.

Нападите од опозиијата кон власта дека не може да се справи со оваа криза, според Мицкоски е обид да си го кренат рејтингот. Наместо да понудат помош, шират паника, смета премиерот.

Реклама

-Дури и да е сето тоа точно што тие го кажуваат, а ништо не е точно, тогаш се поставува вистинското прашање што прават тие за да помогнат во процесот. Тие не прават ништо, тие се занимаваат со некрофилија, со конструкции, со лаги, но тие ќе продолжат, бидејќи немаат програма, немаат визија, немаат идеја, ние имаме јасна програма, јасна визија како треба понатаму да работиме, чесно, одговрно, посветено, изјави Мицкоски.

Масло на огнот сомнежи дека зад пожарите во депониите стои човечки фактор фрла и тоа што покрај Дрисла, Вардариште и Трубарево, кои гореа во речиси ист период, во текот на летото неколку пати гореше и депонијата на патот Визбегово- Шуто Оризари.

А минативе месеци сведоци бевме и на шумските пожари, каде што пронајдени беа гуми облеани со бензин, како и палети кои би предизвикале побрзо разгорување на огнената стихија.

Матеја Петровски