Реклама
Македонија

🎥 Опожарени возила во сервис кај Пинтија, повредени нема, потпалувачот снимен на камера

Пожарот што пред 4 часот утрово избувнал во сервис за возила пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарот што пред 4 часот утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, во општина Кисела Вода, е изгаснат пред 6 часот, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

-Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излезе на лице место и со  осум возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6 часот, наведува ДЗС за пожарот кој избувнал над Стаклара во местото наречено Каменик.

ДЗС посочи дека се работи за „тежок пожар“ затоа што во сервисот за возила имало повеќе автомобили, масло и други запалливи предмети и благодарение на брозото пријавување на пожарот и брзата реакција, била спречена поголема катастрофа.

Реклама

Според очевидци, рано утрото се слушнал звук како пукање, по пријавата била брза реакцијата на пожарникарит, нема повредени, причинета е само материјална штета. хс/мд/

Видеото можете да го погледнете на следниот линк: