Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Муцунски: Со партнерството со САД, македонскиот народ стана посилен, послободен и поуспешен

Тридецениското партнерство меѓу Македонија и САД  му помогна на македонскиот народ да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тридецениското партнерство меѓу Македонија и САД  му помогна на македонскиот народ да стане посилен, послободен и поуспешен, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија  Тимчо Муцунски вечерва на прославата по повод 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и САД, што се одржа во Клубот на пратеници во Скопје. 

sss

На свеченоста присуствуваа претседателката Гордана Силјановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министри, пратеници, градоначалници, претставници на Амбасадата на САД,  на Армијата, бизнис заедницата, верските заедници,…

Муцунски посочи дека од првите денови на независноста македонскиот народ чувствуваше дека САД стојат покрај него. Воспоставената соработката во повеќе области, укажа шефот на дипломатијата, постојано се унапредува.  

Реклама

– Денес славиме 30 години од воспоствувањето  дипломатски односи меѓу нашата држава и САД, три децении на партнерство, кое му помогна на македонскиот народ да стане посилен послободен и поуспешен. Од првите денови на независноста македонскиот народ чувствуваше дека САД стојат покрај него. Во клучни мигови таа поддршка беше одлучувачка. Особено ја паметиме одлуката од 2004 година за признавање на нашето уставно име. Чин што остави длабока трага во срцата на македонскиот народ и потврди дека нашата демократија и нашата независност се важни. Нашата соработка доби институционална рамка со Декларацијата  за стратешко партнерство од 2008 година, а во 2022 година во Вашингтон ја унапредивме со воспоставување на Стратешкиот дијалог, механизам кој отвора пат за подлабока соработка во безбедноста, економијата, енергетиката и образованието, рече Муцунски. 

Амбасадорката на САД Анџела Агелер најави проширување на трговските врски, борба против корупцијата, модернизирана соработката во одбраната…

sss

– Пред три  децении САД и Република Северна Македонија формализираа партнерство засновано на доверба и заедничко почитување на демократските вредности. Оттогаш заедно му покажавме на светот што може да се постигне со сила, компромис и трпелива решителност. И покажавме како изгледа пријателството и соработката. Преку напорна работа, соработка и заемно почитување, билатералните односи се проширија низ владините институции и приватниот сектор. Нашите војници се обучуваа заедно во Криволак и се бореа рамо до рамо во Ирак и Авганистан. Американските академски програми и размените го зајакнуваат следното поколение претпримачи и граѓански лидери, додека американските инвестиции во Северна Македонија донесоа работни места, иновации и можности, рече Агелер.

sss

Нашите врски, оцени амбасадорката,  ги направија двете земји посилни, побезбедни и понапредни. Ќе ги прошириме трговски врски, ќе се бориме против корупцијата, ќе ја модернизираме соработката во одбраната. Ќе го охрабриме дигиталното трансформирање и ќе се погрижиме со изградбата на енергетската инфраструктура која ја обезбедува независноста и растот, истакна амбасадорката на САД Агелер.