Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Николоски: Првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе бидат готови до крајот на 2026 година

Првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе бидат готови до крајот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе бидат готови до крајот на наредната година, а целиот автопат од Коридорот 10 во должина од 40 километри треба да биде готов до крајот на 2027 и почетокот на 2028 година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Прилеп.

Николоски присуствуваше на промоцијата на кандидатот за градоначалник на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Како што изјави, задоволен е како се одвива изградбата на автопатот.

Реклама

Најави дека со автопатско решение ќе биде поврзана и делницата од Фариш до Прилеп.

-Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива одлично. Задоволен сум од изведбата. Очекуваме кон крајот на 2026 година да ги имаме функционални првите 11 километри, а целиот автопатод 40 километри да биде готов кон крајот на 2027 година или во почетокот на 2028 година, зависно од временските услови. Автопатот, секако, се надоврзува на експресниот пат Градско- Дреново-Фариш, а ќе работиме на автопатско поврзување од Фариш до Прилеп, изјави Николоски.
Изведувач на автопатот е фирмата „Бехтел и Енка“.