Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

🎥 „Дрисла“ се уште чади и загадува – механизацијата затрупува, жариштата тлеат, надлежните се сомневаат во политичка позадина

Дрисла се уште чади и продолжува да го труе Скопје. Четврти ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дрисла се уште чади и продолжува да го труе Скопје. Четврти ден во делови од главниот град има високи концентрации на штетни честички во воздухот. Во утринските часови најзагадено според мерните станици беше во Драчево, Аеродром, Ново Лисиче, а силна миризба на гареж имаше и во Кисела Вода.

Денеска затрупувањето на депонијата продолжува со засилено темпо, бидејќи вчера беа извршени неколку логистички зафати кои овозможуваат полесен и побрз пристап до критичната точка.

Директорот на ДЗС се сомнева дека потпалувачите на депонијата се од надвор, а истовремено крим-полиција разговара со вработените во „Дрисла“ да се утврди кој предизвикува пожар.

Реклама

”Од тие причини денеска побарав припадници на полицијата на криминалистичката полиција да влезат во депонијата и да поразговараат со вработените и да дојдат до релевантни информации околу можни причинители на пожарот на депонијата. Припадниците на криминалистичката полиција моментално се внатре во депонијата, не зборуваме за конкретно осомничен, туку ќе позборуваат со вработените дали постои можност некој од внатре да учествува во подметнувањето на пожарите или можеби некој од надвор доаѓа, веројатно малку физички спремен со канта бензин или шише бензин затоа што се работи за запаливи гасови да го подметне пожарот”, вели Ангелов.

Дали некој ќе одговара зошто не е оградена депонијата, Ангелов не кажа но уверува дека одговорност за пожарите ќе има. Според него, лошото менаџирање на Дрисла се гледа и во загрижувачката состојба со исцедокот, кој слева и во моментов има направено езеро колку едно фудбалско игралиште со длабочина од 1,5 метри.

Од јавното претпријатие „Дрисла“ се огласија дека сите активности на депонијата се извршуваат согласно техничко-технолошкиот процес и во согласност со законските прописи, имајќи ги предвид заштитата на животната средина, здравјето на човекот и природата.

А за пожарот од прептријатието во соопштението ниту збор. Само побараа МВР да отвори истрага за потпалувачите. Што веќе таа процедура е во тек.

Од Министерството за животна средина информираат дека при вонредниот инспекциски надзор е констатирано да се земат примероци од подземни води и почва од страна на акредитирана лабораторија за животна средина.

Инспекциската постапка е во тек и се следат сите мерки за евалуација на влијанието и отстранување на последиците од пожарот.

И додека се уште чади Дрисла, ситуацијата со дивата депонија Вардариште е ставена целосно под контрола… таму има чувари а има и забрана за движење на територија на целата депонија.