Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

🎥 Пратениците влегоа во АНБ: Се бараа одговори колку, кој и како нелегално прислушувал и следел со години

Без мобилни телефони шест пратеници кои поседуваат безбедносен сертификат, влегоа во Агенцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без мобилни телефони шест пратеници кои поседуваат безбедносен сертификат, влегоа во Агенцијата за национална безбедност, се бараа одговори дали, кој, колку, зошто и како незаконски прислушувал и следел во перидот од 2019-та до 2024-та година. Народните избраници, извршија увид во документите и материјалите во АНБ, но колку и што ќе дознае јавноста останува непознато, бидејќи станува збор за класифицирани материјали.  Но според актуелната власт, која тврди дека била главна цел на следење цели пет години, најважно е да има одговорност за виновнците.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов вели дека институциите мора да реагираат за овие сомнежи, пред се со цел во иднина да нема незаконско следење и прислушување во Македонија.

-Конечно овие институции да ги решат овие работи за никогаш повеќе да не ни се случуваат во рамки на македонското општество, бидејќи сметам дека службите треба да бидат чувари на државата, а не треба да бидат генератор на кризи во државата. За мене е многу важно да постапуваат институциите да констатираме фактичка состојба, врз основа на таа фактичка состојба, согласно позитивните законски прописи во Македонија овој случај да добие разрешница, изјави Пренџов.

Реклама

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска продолжи со реториката нејзината партија, потребна била декласификација на материјалите, иако тоа можеби е невозможно поради сензитивноста на истите.

-Ако не се декласифицираат, тогаш ќе можеме да дадеме многу површни изјави, без детали за разлика од тоа што во јавноста веќе беа споделувани детали од брифери, кои ете на јавноста не и се познати. Ако јавноста не ги добие вистинските одговори, а чекор кон тоа е декласификацијата која ние ја бараме, тогаш овој случај и понатаму ќе остане да биде енигма или размена на зборови меѓу политичките партии, изјави Петровска.

Инаку, според информациите во прв ред најследен бил актуелниот премиер, тогаш лидер на опозицијата Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, контроверзната поранешна шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, бизнисменот Орце Камчев, новинари и други јавни личности.

Матеја Петровски