Мастер план за рушење на ВМРО-ДПМНЕ – вака вицепремиерот Александар Николоски го опиша сценариото за кое тврди дека било креирано од поранешното раководство на СДСМ со злоупотреба на безбедносните служби. Вели дека планот има три чекори – прво притвор на пратеници за промена на името, второ да се седне на обвинителна клупа за тероризам и нелегално финансирање, и трето – забрана за политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ.“
Николоски тврди и дека Агенцијата за национална безбедност фабрикувала лажни извештаи за раководството на партијата, претставувајќи ги како анти-НАТО и антизападни.“
„За мене, на пример, пишуваа дека сум под иранско, турско или унгарско влијание, во услови кога бев потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа, соопшти Николоски.

За скандалот за прислушување на политичари, обвинители,бизнисмени, новинари, во периодот од 2019 до 2024 година, вицепремиерот Николоски вели мора да има разрешница за во иднина да не се повтори злоупотреба на службите.
Ако во 2025 година некој очекува дека ова ќе се заборави, тоа е многу наивно. Два пати ВМРО-ДПМНЕ паѓале од власт од службите и 2002 како последица на Големото уво и 2016-2017 преку прислушуваните разговори. Ако истите тие луѓе мислат дека сме наивни и ќе ја оставиме работата по трет пат да не симнат од власт на недемократски начин, тогаш сериозно не потцениле. Еднаш за секогаш ќе расчистиме за да не ни се случи пак”, потенцираше Николоски.
Прислушувањето на новинарите особено е алармантно. Николоски вели биле следени цели редакции, но притисоци трпеа и телевизии.
Цели редакции биле следени, оваа телевизија во која ние вечерва седиме беше под постојана истрага дали на финанскиката полиција, дали на финансиското разузнавање, дали на обвинителството, од 2019 година до завршувањето на изборите минатата година Алфа беше под континуирана истрага затоа што целта беше да се затвори Алфа. Сега тие можат да користат еуфемизми ние немавме ништо против новинарите ама ги баравме изворите на финансирање и еве не нашле ништо, зошто на толку истраги ќе ја затвореа телевизијата, не најдоа ништо, но вршеа пртисок.
На прашањето за декласификација на документите, Николоски вели дека целта на спин мајсторите на СДСМ е да се изманипулира јавноста и наместо да се зборува за одговорност, да се зборува за приватните животи на оние кои се прислушувани.
Сега тие со кој спин одат, си велат вака, очигледно сме живи фатени знае владата што сме правеле иамле индиции додека беа опозиција сега им се потврдија, единствен начин на ние се спасиме од ова е да повторно јавноста биде претворена во ријалити шоу и во воајеризам и наместо да се зборува дали премиерот бил следен и прислушуван или не бил, а бил. Ние ќе зборуваме дали по тие документи Александар бил нервозен и се потскарал со сопругата или со брат му или со некој пријател и ние сега ќе дискутираме за таа работа или дали отишол на одмор или на вечера или не отишол никаде и да практично воајеризмот проработи , да стане целото ова естрада и кога ќе стане целото ова естрада тогаш се се поматува и нема одговорност и тогаш јавноста нема да зборува дека е рушена демократијата туку за приватниот живот на Александар.
Скандалот со прислушкувањето е сериозен удар врз довербата во институциите. Но ова не е прв пат Македонија да се соочи со вакви афери. Во претходно јавноста слушна за „Големото уво“, а во 2015 година за „Вистината за Македонија“ – кога беа објавени прислушувани разговори на илјадници граѓани и политичари. Сега, новата афера повторно ја отвора истата дилема: дали безбедносните служби се користеле за законска заштита на државата или за политички пресметки?
Инаку во скандалот со прислишување се тврди дека во периодот од 2019 до 2024 година, период кога владееше токму СДСМ и ДУИ, биле следени тогашниот лидер на опозицијата, а сегашен премиер Хистијан Мицкоски, вицепремиерот на Владата Александар Николоски, како и бизнисмени, редакции, новинари, обвинители.
