Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утре ќе учествува на Амбасадорската конференција #Diplo2025, која ќе се одржи на 8 и 9 септември во Тирана, Албанија.
Како што соопштија од Министерството за европски прашања, министерот Муртезани на дводневната конференција ќе се обрати на панелот насловен „Албанците во регионот – заеднички идентитет, заедничка европска цел“.

