Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

🎥 Вештачката интелегенција влегува во училниците- прв водич за наставници во македонските училишта

Македонските училишта на располагање имаат нова „алатка на иднината“ – прв водич…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските училишта на располагање имаат нова „алатка на иднината“ – прв водич за употреба на вештачка интелигенција во образованието.

На 120 страници се опфатени над 70 алатки што можат да ја променат наставата – од математика и природни науки, до јазици, литература и општествени предмети. Преку практични примери, наставниците ќе можат да создаваат посовремени содржини, а учениците ќе научат како да ја користат вештачката имтелигенција етички и безбедно.

“Како да се користат алатките по одделни области – математика, природни науки, јазици и литература, историја и општествени науки. Како да се препознаваат можни злоупотреби на податоци и слично. Во суштина, содржи препораки што се наменети за наставниците, стручните соработници и за учениците,” подвлече министерката Весна Јаневска.

Реклама

Водичот, освен што нуди конкретни решенија за часот, предупредува и на можни злоупотреби – од манипулација со податоци до ризици за приватноста.

“Голем дел од овој водич е посветен токму на учениците. Во него се дадени практични примери  за тоа како да се препознаваат и оценат алатките базирани на вештачка интелегенција, како да се креираат образовни содржини на на ефикасен и ефективен начин. Дадени се конкретни примери употреба на алатките во наставните предмети, како што кажа и министерката вклучувајќи и математика и природни науки, јазици литература и општествените науки.”- изјави Деканот на Факултетот за информатика, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип Сашо Коцески.

Електронската верзија наскоро ќе ја добијат сите училишта, а Министерството заедно со факултетите и Бирото за развој на образованието најавија и обуки за ментори, кои ќе го пренесуваат знаењето на наставниците. Во тек е и јавен повик за професори од средните училишта, во рамки на партнерството со групацијата „Бреинстер“.