Реклама
Македонија

Онколозите Црвенкова и Јакимовски не чувствуваат вина, велат лекувале тешко болни пациенти

Обвинетите доктори онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски пред судот рекоа дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинетите доктори онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски пред судот рекоа дека не чувствуваат вина.

  • „Очекувано не можам да преземам вина затоа што е комплетна невистина односно сигурна сум дека јас лично и мојот адвокат дека ќе ги побиеме сите овие невистини кои се изнесени против мене како доктор кој што и не знае друго освен да лечи други, целиот мој живот сум го посветила на сопствена едукација и за што сум дала жртви а најголема жртва е мојата фамилија и моите деца на кои што не сум можела доволно да им се посветам“ рече обвинетата Симонида Црвенкова.

Се изјасни и неговиот бранител.

  • „Ќе ја докажеме неоснованоста на поднесеното обвинение и тоа со предложената листа на докази и вештачење и ќе докажеме дека стручните мислења насловени како вештачења на ОЈО се нецелосни, паушални и недоволно поткрепени како докази доставени во оваа постапка, и воедно ќе докажеме дека непостоеле законски пречки или судир на интересни да се направи во Македонија а мотивите за тоа се нешто што ќе го произнесеме во понатамошниот тек на постапката. Не се работи за криминално работење или несовесно лекување“ рече бранителот Владимир Туфегџиќ.

И лекарот Драган Јакимовски рече дека не чувствува вина и како што посочи пред судот: него „не ме плаши правдата, туку неправдата која некој сакал да му ја нанесе“.

Реклама
  • „Воопшто не се чувствувам виновен за делото кое ми се става на товар затоа што како лекар од 1998 година сум вработен на Клиниката за онкологија и од самиот почеток најавив дека најодговорно да ги извршувам моите професионални задачи. Имам направено дежурства и за моите дежурства не е зголем бројот на починати лица што значи дека секогаш се борам за секој човечки живот како за мој најблизок. Никогаш не сум имал намера ниту финансиски мотив да правам штета на пациенти. Јас знам дека со Хипократовата заклетва моја должност е да ги лекувам и помагам пациенти. Воопшто не е логично без мотив да правам штета и сакам пациентите повторно да дојдат кај мене а не кај друг лекар. Не сакам да правам штета. Досега не сум сторил лекарска грешка и единствен сум вработен во фамилија. јас не сум луд човек, да остане без работа и децата да останат на улица, и немам апсолутна никаков мотив да уништувам други луѓе“ – рече Драган Јакимовски.

Неговиот бранител го дополни воведниот збор.

  • Мојот клиент ништо не придонел за кривичното дело за кое се товари. Јакимовски водел грижа и несебично се борел за пациентите а тоа ќе го докажеме со предложените докази и вештачето кое ќе ви го доставиме’ рече неговиот бранител Александар Тумановски и додаде „После изведување на единствениот доказ – вештачењето, единствено судот дека спрема докторот Јакимовски може да се донесе само ослободителна пресуда“.
https://alfa.mk/lekarkata-meri-peshevska-prizna-vina-i-im-se-izvini-na-paczientite/