Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ОДИХР почнува со следење на локалните избори

Во пресрет на локалните избори 2025, денеска официјално започнува набљудувањето од страна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на локалните избори 2025, денеска официјално започнува набљудувањето од страна на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, откако Државната изборна комисија (ДИК) вчера едногласно ги усвои барањата за акредитација на 14 меѓународни набљудувачи. 

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на вчерашната седница информираше дека денеска ќе се одржи првата официјална средба со претставниците на Набљудувачката мисија, со што и формално ќе започне нивната работа.

– Ја известуваме јавноста дека од утре официјално ќе имаме средба со претставниците на набљудувачката мисија ОДИХР и од утре почнува нивната работа и официјалното набљудување на изборите. Тие ќе бидат во постојана комуникација со ДИК и ќе присуствуваат на сите наши отворени јавни седници, изјави Кондарко на вчерашната седница. 

Реклама

ДИК вчера ги усвои и првите две барања за акредитација: едното за шест набљудувачи, другото за осум набљудувачи.

Дополнително, членовите на Комисијата ги усвоија измените и дополнувањата на решението за регистарот на радиодифузери, печатени и електронски медиуми, како и интернет портали кои ќе ги покриваат изборите.

На седницата беа разгледани и 34 барања за изземање на претседатели, заменици и членови на Општинските изборни комисии, а на нивно место беа назначени нови лица.

Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на Градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг треба да се одржи на 2 ноември во единиците на локалната самоуправа во кои изборите нема да завршат во првиот круг.