Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

🎥 Камен темелник за нов „Лидл“ во Аеродром

Ново поглавје во продажбата на мало. Македонската економија ќе доживее значителен пораст,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ново поглавје во продажбата на мало. Македонската економија ќе доживее значителен пораст, а најмногу придобивки ќе имаат младите претпиремачи. Македонските производи ќе ги наполнат полиците не само кај нас, туку и во околните земји на светски познатата компанија со ланец маркети „Лидл“. Поддршката на локалната економија ќе ја зголеми довербата кај граѓаните, оцени  премиерот Христијан Мицкоски на поставувањето на камен темелник на новата продавница на „Лидл“ во скопски Аеродором.

“Македонските производи ќе се наоѓаат на полиците на „Лидл“ во околните земји, во 2024 извозот бееш околу 5 милиони евра, очекуваме  оваа година во разговор неформален со менаџментот на „Лидл“ таа бројка да достигне и 10 милиони евра и со време таа бројка да расте. Тоа треба да биде инспирација, поттик и мотив за македонските претприемачи да ги  задоволат стандардите на „Лидл“, да произведуваат според стандардите на „Лидл“, а „Лидл“ секако дека ќе даде можност и шанса македонските производи да се наоѓаат на полиците на „Лидл“ во околните земји и секаде онаму каде што „Лидл“ ќе има потреба од квалитетни мак производи.”- изјави Мицкоски.

Новиот “Лидл” во Општина Аеродром, ќе се протега на површина од 3438 квадратни метри со модерен продажен салон од 1200 квадратни метри и со 57 паркинг места. Новата продавница ќе отвори и  нови работни места, нови стандарди, зголемена конкуренција, пониски цени и подобри услови за граѓаните. Како што вели премиерот, целта е да се гради економија што расте, што вработува и што го подобрува секојдневието на граѓаните.

Реклама

“Оваа инвестиција се одолговлекуваше и беше заглавена , но токму по изборот на оваа влада пред неполни 15 месеци веднаш се фативме за работа со цел да ги откочиме и ја ставивме меѓу првите приоритети. Затоа сум посебно горд што деенес гледаме како една идеја станува реалност. Со тоа ја потврдуваме нашата определба да бидеме влада која решава проблеми, одстранува пречки и отвара нови можности. Особено ме радува што меаџментот на „Лидл“ ја прифати нашата забелешка за зголемување на застапеноста на домашното производство, македонските производи на полиците на „Лидл“. Тоа е од исклучителна важност затоа што со тоа не само што се поддржува локалната економија, туку се гради доверба кај потрошувачите дека македонското е најдобро.”- изјави Мицкоски.

Компанијата „Лидл“ интензивно го гради и првиот продажен објект во Скопје којшто се наоѓа на просторот каде порано се наоѓаше „Бриколаж“ во општина Гази Баба. Сите објекти ќе се градат по најсовремените стандарди со фокус на енергетската ефикасност.

“Не дојдовме тука само да правиме бизнис, туку посветени сме на растот и на развојот и на подобрување на квалитетот на живот за сите граѓани, воедно и поддршка на локалните производители, чии производи веќе се пласирани на другите пазари на „Лидл“,” рече Драгиска-Денчева извршниот претставник на „Лидл“.

“Лидл“ планира маркети и во Битола, Струмица, Кавадарци, Куманово, Штип, Тетово, Велес, Кичево, Гостивар… Дел од овие маркети ќе бидат во веќе изградени објекти, а дел се во процедура на градба.