Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

🎥 И поранешниот прв полицаец на списокот: Незаконски биле следени Оливер Спасовски, Александар Николоски, Орце Камчев, Драган Ковачки

И потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, влијателниот пратеник од истата партија Драган…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, влијателниот пратеник од истата партија Драган Ковачки, но и екс-министерот за внатрешни Оливер Спасовски, бизнисментот Орце Камчев, но и група на уредници и новинари на повеќе медиуми со критички став кон власта на СДСМ и ДУИ – Се шири списокот на луѓето кои добивале посебен третман од тајната полиција.

И не станувало збор за прислушување во сите случаи, туку за дел од таргетираните луѓе се прибирале информации од разни извори, за нивните ставови, искази во разни прилики, средби со други луѓе и други нивни активности. Сите овие информации сепак станувале дел од аналитичкиот центар на АНБ, но поголемиот дел бил најден во печатена форма, илјадници страници оставени во една од канцелариите на раководните лица.

Вицепремиерот Николовски, кој уште од поодамна тврди дека бил цел на тајните служби, во вчерашното интервју за Алфа изрази сомневање дека ова не е прв случај на злоупотреба на тајната служба, но секогаш жртвата е ВМРО-ДПМНЕ, што преставува доказ дека одредени структури се обидуваат да ја надвладеат демократијата во државата.

Реклама

Инаку, порталот МКД.МК, кој ги објави новите имиња од списокот, тврди дека целата операција ја водела група од десетина вработени на чело со тогашниот директор Виктор Димовски, помогнат од поранешен директор на АНБ, но и Јовче Ременски, поранешен висок раководител во Агенцијата.

Задачата на оваа група, според порталот била да се откриваат таканаречени „непријателски елементи„ во државата чија цел била да ја урнат актуелната власт и кои наводно биле против евроинтеграцијата на Македонија, затоа што биле против францускиот предлог. За најголемиот дел од овие активности, групата дури и успевала да обезбеди соодветната процедура за добивање дозвола за примена на посебните мерки, со образложение дека се работи за луѓе кои наводно се подготвувале да ја урнат актуелната власт и поединци кои наводно биле против интеграцијата на Македонија во ЕУ. Со ваквото образложение лесно се добивала дозволата за примена на тие посебни мерки на комуникациите според Законот за следење на комуникациите.

Екс дирекеторот Димовски ги негираше обвинувањата, и тврди дека за време на неговиот мандат премиерот Мицкоски не бил следен и побара да се декласифицираат документите што се доставени до обвинителството. Во меѓувреме, обвинителството веќе отвори предмет и започна предзистражни дејства по објавувањето на скандалот, но најави дека нема да споделува информации за опсегот на нелеганата акција, односно кој се бил предмет на обработка. Од тоа што е објавено, главна цел бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, и сегашен премиер Христијан Мицкоски. По него, на списокот била поранешната контроверзна обвинителка Вилма Русковска, како и новинарите Љупчо Златев и Кристијан Ландов.  

Матеја Петровски