Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Панова: Филипче кажува невистини и манипулации за цената на грозјето

Прес конференцијата на Филипче беше полна со невистини и манипулации. Методологијата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прес конференцијата на Филипче беше полна со невистини и манипулации.

Методологијата за која што говори Венко Филипче, беше донесена во првите денови доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт. Тоа може лесно да се потврди бидејќи истата е објавена во сл. Весник бр. 146/2024 од 12.07.2024.

Во продолжение, неколку факти кои се во спротивност на невистините и манипулациите од СДСМ

Реклама

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја утврди производната цена по килограм произведено винско грозје за 2025 година во законско предвидениот рок.

Начинот на утврдување на производната цена се пресметува согласно член 22 од Законот за вино, каде што е утврдено дека пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет, ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството по претходен спроведен Јавен конкурс.

Согласно одредбите од истиот член Министерството објави Јавен конкурс за избор на институцијата за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет на 24.01.2025 година.

По завршување на Јавниот конкурс склучен е договор со Земјоделски институт – Скопје за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет.

Земјоделски институт – Скопје ја утврди производната цена на двете најзастапени сорти од винско грозје во законски определениот рок.

Производната цена во 2025 година за килограм Смедеревка изнесува 15,09 денари.

Додека пак производната цена на килограм Вранец изнесува 17,00 денари.

Врз основа на пресметаната производна цена, зголемена за 25% се утврдија откупните цени на двете најзастапени сорти на винско грозје.

Со што откупната цена за килограм Смедеревка изнесува 18,9 денари, додека пак за килограм Вранец изнесува 21,3 денари. На 13.07.2025, Министерот Цветан Трипуновски од Кавадарци ги соопшти откупните цени на двете најзастапени вински сорти на грозје. Како лани, така и годинава, продолжуваме да со историски највисока откупна цена.

Имено, одредбата од Законот за вино, која дозволува кратење од 8% од цената на грозјето од страна на винариите, е донесена токму во времето на СДС и неговата влада. Како 56 точка на 199 владина седница на 14.11.2023 година беа донесени измени во Законот за вино меѓу кои беше и одредбата која дозволува кратење од 8% од цената на грозјето од страна на винариите.

Точка 4 на 149 седница на Собрание одржана на 28.03.2024, пратеничката група на СДСМ има гласано за измените на Законот за вино, кои на 02.04.2025 се објавени во Службен Весник бр. 74.

На 26.03.2024 Законодавно правната Комисија одбиен е амандман на член 23 за бришење на став 7 од Одредбата од Законот за вино, поднесен од пратениците: Здравко Трајанов, Златко Пенков, Јадранка Поцкова, Дајанчо Ефтимов, Петар Ристески и Олга Лозановска. Комисијата со 9 гласа „против“ не го усвои предложениот амандман.

Законодавна правната комисија покрај другите го одби овој амандман, тој период претседател била Снежана Калеска Ванчева од СДСМ.

Филипче треба да знае дека интервентна мерка не се носи со измена на Закон туку со измена на Програмата за интервентен фонд, кој беше донесен од тогашниот пратеник Љупчо Димовски.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се грижи како за лозарите, така и за секој еден земјоделец. Манипулациите од СДСМ не можат против реалните и опипливи мерки и политики кои се спроведуваат на терен.