Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Европското движење домаќин на 17. сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права

Европското движење во Македонија, денеска, во рамки на проектот „Национална конвенција за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европското движење во Македонија, денеска, во рамки на проектот „Национална конвенција за Европска Унија во Македонија (НКЕУ-МК)“ ќе биде домаќин на 17. сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23).

Како што информираат од Европското движење, тема на настанот ќе биде „Предизвиците на Уставниот суд на Македонија низ призмата на европските стандарди за уставното судство“. Дискусијата, велат, ќе се насочи кон актуелните состојби и предизвици со кои се соочува Уставниот суд, потребата од усогласување со европските стандарди и практики во областа на уставното судство, како и можностите за подобрување на неговата ефикасност и независност во контекст на пристапните преговори со ЕУ.

– Сесијата ќе опфати две панел дискусии со учество на истакнати експерти од земјата и регионот, меѓу кои судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија, професори по уставно право и претставници на сродни институции. Меѓу говорниците се Ана Павловска Данева од Уставниот суд на Македонија, Маша Марочини Зрински од Уставниот суд на Република Хрватска, Мирјана Лазарова Трајковска, судија на Уставниот суд и поранешен судија во Европскиот суд за човекови права и Денис Прешова, професор на Правен факултет „Јустинијан Први“, стои во соопштението.