Реклама
Прилози

🎥 Се санира хидросистемот Ѓавато – вработените 4 години апелирале за пукнатите цевки, претходната влада ги игнорирала

Расипан цевковод и неисправни пумпи – Хидросистемот Ѓавато кој е браник на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расипан цевковод и неисправни пумпи – Хидросистемот Ѓавато кој е браник на Дојранското езеро со години не функционира или функционира со минимални капацитети.

„Овде, на бунарското подрачје на хидросистемот Ѓавато, започнува санацијата на пумпите кои се од исклучително значење и за Дојранското езеро и за општините Дојран и Богданци“.


Премиерот Христијан Мицкоски и заменик министерката за животна средина Ане Лашкоска најавија дека проблемот ќе биде саниран во следните неколку дена, со што ќе се зголеми капацитетот на вода која што ќе доаѓа до резервоарот, од каде со други пумпи потоа ќе биде пренасочена кон Дојранското Езеро.

„Станува збор за две бунарски потопни пумпи, капацитетот како што гледате овдека е десет, другите осум не работат. Овие две имаат капацитет од 100 литри во секунда секоја, иако вкупниот капацитет на хидросистемот е еден кубик односно 1.000 литри во секунда. Во периодот кој што следи планираме најмалку во најскоро време четири да оспособиме, а потоа уште дополнителни две со што цениме дека ќе биде исцрпен целосно капацитетот за да во најскоро време Дојранското Езеро го добие оној изглед којшто заслужува да го добие, да го користат сите граѓани. Но, не и само граѓаните од овој цевковод во одредени периоди од годината со вода се снабдува Богданци, но и земјоделците еве гледате можеби поради недостаток на вода голем дел од полето останува необработено, тоа значи помалку произведена храна, повеќе увезена храна“, изјави Христијан Мицкоски премиер на Македонија.

„Ова се први зафати кои што се вршат за поправка на хидросистемот. Веќе големите зафати видливите, пробелми, пукнатите цевки, кои што можеме да ги видиме со голо око, можам да кажам дека за еве една до две недели ќе ги решиме, а потоа пристапуваме кон целосна санација на хидросистемот“, изјави Ане Лашкоска, заменик министерка за животна средина.

На лице место претходно увид направиле и инжинери – во догледно време ќе бидат инсталирани соларни панели, бидејќи сметките за електрична енергија се на ниво од 200.000 евра месечно.

Поради големата потрошувачка на електрична енергија за функционирање на Ѓавато, која изнесува околу 2 милиони евра годишно, овде се планира да се постават фотоволтаици кои ќе овозможат производство на струја и непречено функционирање на хидросистемот.

Проблемот со празнењето на Дојранското езеро во 2002 година беше решен со пуштањето во употреба на хидросистемот ‘Спас за Дојранското Езеро’, преку кој од бунарите во Ѓавато се врши дотур на вода. Последните години системот не функционираше, а иако накратко беа пуштени неколку пумпи, поради дефекти и дотраеност тие повторно запреа. До неодамна вода дотекуваше само од една пумпа, но таа престана да работи, па каналот сега е целосно сув.

„Хидро системот Ѓавато не е од значење само за Дојранското езеро туку и за земјоделците кои ги наводнуваат посевите“.