Туризмот продолжува да остварува солидни стапки на раст. Според најновите податоци на Државната статистика, во првите шест месеци од годинава во Македонија дошле речиси 400 илјади странски гости. Со тоа е остварен раст од 19.7% во однос на истиот период лани. Најмногу странски туристи и натаму доаѓаат од Турција, а потоа Србија, Германија и Холандија. Бројот на остварени ноќевања од странски гости во првите шест месеци од годинава надминал 680 илјади.