Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

🎥 Експерти: МВР покажува решителност во расчистувањето со проблематичните во своите редови

Во земја каде полицијата долго време повеќе ѝ служеше на власта отколку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во земја каде полицијата долго време повеќе ѝ служеше на власта отколку на законот, секој потег кој носи одговорност е важен показател за работата на системот.

Во изминатата година, МВР презеде чекори кои ретко можеа да се видат во минатото. Последниот пример е разрешувањето на началникот од Демир Хисар, поради сомнение за сериозни пропусти и непочитување на службените обврски – одлука која се смета за речиси преседан, со оглед на тоа дека порано вакви скандали најчесто се премолчуваа.

И ова не е изолиран случај – пред само неколку месеци беше суспендиран и поднесена му беше кривична пријава на граничниот полицаец од Блаце, кој го пропушти поранешниот вицепремиер Артан Груби, да ја премине границата без соодветна контрола, за што доби суспензија.

Реклама

Овие потези, според експертите, носат сигнал дека МВР се движи кон повеќе отчетност и непристрасно почитување на законот.

„На овие примери со полицискиот службеник во Блаце и ова што се случи во Демир Хисар, каде што брзо и ефикасно се преземаат мерки за расчистување на состојбите на слабостите и незаконитото работење и постапување на полициските службеници влеваат надеж и даваат надеж дека во МВР навистина има раководна структура која има чесни намери да раководи и создаде една ситуација во која граѓаните ќе веруваат и ќе имаат доверба“, изјави Љубомир Ѓурчевски, експерт за безбедност

Разликата, додаваат експертите, е особено видлива кога се споредува со времето на претходната власт, кога вакви мерки беа речиси незамисливи, а институциите се користеа за заштита на партиски интереси или за политички пресметки

„Барем јас сум сведок, на она што се случуваше во последните 7, 8 години од владеењето на СДСМ кога министерството кадровски беше уништено, верувајте дека се поставуваа на високи позиции лица со кривични пријави, осудени за кривични дела, знаевте дека имавме во одреден период и началник за гонење на кривично дело за од областа на недозволената трговија со дрога, беше осудено лице. Значи тој кадровски прогром што се направи во МВР особено по удирањето на полицајката од пајакот и непреземањето на никакви службени дејства од страна на министерството него само службени дејствија за замолкнување на сите оние кои што сакаат чесно и поштено да си ја работат работата“, изјави Љубомир Ѓурчевски, експертот за безбедност

Сега е клучно овие мерки да се претворат во континуирана и непристрасна пракса, а не во повремени акции за смирување на јавниот притисок. Одговорноста, сметаат експертите, мора да стане нераскинлив дел од работата на секој кој ја носи униформата, а граѓаните очекуваат стабилна и праведна институција, а не привремени исклучоци.