Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: 11 милијарди денари за земјоделците за 14 месеци, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е партнер на земјоделците

За само 14 месеци над 11 милијарди денари за земјоделците во вид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За само 14 месеци над 11 милијарди денари за земјоделците во вид на финансиска поддршка, субвенции и директни плаќања, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Она што беше заборавено од СДСМ изминатите 7 години, ВМРО-ДПМНЕ го направи за само година дена. 

Рекорден откуп за смедеревка и вранец за лозарите, одгледувачите на јаболки добија 100 милиони денари субвенции, тутунарите добија 500 денари за килограм тутун, финансиска поддршка за здруженија за промоција на настани и саеми за македонските производи, како и влог во научно-образовни институции.

Влогот во земјоделството, се исплати. Имаме зголемен раст на извозот за 5% во првиот квартал и раст во делот на откупот и продажба на земјоделските производи во првиот квартал од 2025 во споредба со 2024година, а споредувајќи ги првите пет месеци од 2024 година со првите пет месеци од 2025 година во делот на извозот бележиме раст над 50 проценти. Во апсолутна бројка тоа е околу 57 милиони евра што е сериозен раст.

Реклама

Започна и кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост“. Кампањата „Македонско Најдобро“ има за цел да се зголеми и зајакне домашното земјоделско производство, да се обезбеди просперитет на руралните средини, да се подигне свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните производи и преработки од истите, како и да се обезбеди полесен пристап на нашите сограѓани до домашните земјоделски производи.

Земјоделството е клучна гранка за Македонија. Поставени се темелите за квалитетно и здраво земјоделство.