Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделството врвен приоритет на Владата, исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци

Земјоделството останува врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со вреднување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјоделството останува врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со вреднување на трудот, преземање конкретни мерки и редовна и навремена исплата на субвенции, се враќа достоинството на земјоделците, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Земјоделците се едни од најважните чинители на македонското општество, кои со својот неуморен труд и вредни раце, обезбедуваат храна за македонските трпези.

Македонските земјоделци ја добиваат заслужената грижа од државата, на скоро 8.000 земјоделци се исплатени над 407 милиони денари, директни плаќања.

Реклама

Имено, во рамките на Програмата за финансиска поддршка за 2024 година, исплатени се 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци, односно градинари, за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети.

Висината на директните плаќања се однесува на предадените култури за периодот мај-јуни и ноември-декември 2024 година, која изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури, додека за пиперката од сортата куртова капија висината на директните плаќања изнесува 5 денари по килограм.

Паралелно на ова, од Програмата за финансиска поддршка за 2025 година се изврши исплата од над 147 милиони денари кон 3.686 земјоделци за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Висината на директните плаќања изнесува 6 денари по литар за кравјо млеко и 7 денари по литар за овчо и козјо млеко, а овие исплати се однесуваат за период јануари, февруари и март 2025 година.

Со ова, континуирано и навремено продолжува поддршката кон градинарството и сточарскиот сектор, и воопшто на целокупното земјоделство за зголемување на земјоделските производи и површини и нивната конкурентност.

Од почетокот на мандатот на Влада кон земјоделците се исплатени над 11 милијарди денари, што ја покажува и потврдува посветеноста за развој на македонското земјоделство.