Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

Кисела Вода, Центар и Могила ќе ја подобруваат енергетската ефикасност со грант средства и подзаем преку Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор

Oпштините Кисела Вода, Центар и Могила со средства од Проектот за енергетска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Oпштините Кисела Вода, Центар и Могила со средства од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, којшто се реализира преку Проектната единица во Министерството за финансии, ќе имплементираат мерки за енергетска ефикасност и модернизација на јавни објекти, што ќе придонесе кон намалување на потрошувачката на електрична енергија, како и намалување на емисиите на штетни гасови.

Договорите за подзаем и грант помеѓу општините и Министерството за финансии во рамки на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор ги потпишаа градоначалниците на овие локални самоуправи и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Со Општина Кисела Вода беше потпишан Договорот за подзаем и грант за имплементација на подпроектот во општина Кисела Вода со кој ќе се изврши реконструкција и спроведување на мерки за енергетска ефикасност во ПОУ „Рајко Жинзифов“, односно предвидена  е реконструкција на ООУ „Рајко Жинзифов“, со фокус на енергетската ефикасност.

Реклама

Во Општина Центар со Договорот за подзаем и грант ќе се спроведе енергетски ефикасна реконструкција на објектот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – првото основно училиште во земјава, формирано во 1836 година.

Исто така, во Општина Могила Договорот за подзаем и грант опфаќа спроведување  мерки за енергетска ефикасност во три објекти од јавниот сектор, односно ООУ „Браќа Миладиновци“ – село Добрушево, ООУ „Кочо Рацин“ – село Ивањевци и спортска сала „Иљо Лопатички“ во Могила.

-Реализацијата на проектите во овие општини е во рамки на првата компонента од Проектот којашто опфаќа енергетски ефикасни инвестиции во општините, за која се обезбедени 8,2 милиони евра. Покрај ова, во оваа компонента се предвидени и енергетски ефикасни инвестиции во објекти на централната власт во износ од 9,21 милиони евра, информираат од Министерството за финансии.

Целта на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор е намалување на потрошувачката на енергија и поддршка за воспоставување и операционализација на одржлив механизам за финансирање на енергетска ефикасност во јавниот сектор.