Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

Славески: Трите големи банки соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите

Иницијативата на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иницијативата на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги почна да ги дава првите резултати. На почетокот на овој месец, трите големи банки и една средна банка соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите, соопшти гувернерот Трајко Славески.

Како што рече денеска на прес-конференција, ова се очекува и од другите средни и од помалите банки. Според Славески, намалувањата се особено значајни за извршување на плаќањата на клиентите преку интерните системи на банките, како и преку платните системи каде плаќањата се извршуваат меѓу банките во реално време во текот на денот.

-Банките се повеќе почнуваат да ги нудат бесплатно плаќањата што се иницирани преку електронското и мобилното банкарство и се извршуваат во нивните интерни системи. Забележуваме надолна корекција на висината на надоместоците кај една од банките и кај повлекувањето готовина на шалтерите на банката, како и кај останатите услуги поврзани со плаќања во готовина, преписи на документација и издавање потврди, истакна гувернерот.

Реклама

Тој најави дека Народната банка ќе покрене иницијатива за измени на законското решение за платежната сметка со основни функции, со кои ќе се овозможи нејзино помасовно користење од страна на граѓаните за извршување на плаќањата кај сите банки.