Реклама
Прилози

🎥 Почна обуката на кандидатите за гаснење пожари кои беа селектирани по јавен оглас од Владата

Со вежби за гаснење пожари низ шумски предел, качување и спуштање со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со вежби за гаснење пожари низ шумски предел, качување и спуштање со јажиња како и часови за пружање прва помош, почна обуката на кандидатите кои во иднина ќе ги гаснат пожарите по шумите низ државата. Во тренинг центарот за пожарникари, Коузон во ОХИС, 34 кандидати од Скопје од вкупно 364 од цела Македонија, ја искористија мерката на Владата со која во наредните пет месеци ќе добиваат по 24.000 денари. Оние кои ќе се покажат како најдобри ќе бидат трајно задржани. Претседателот на противпожарниот сојуз Кочоски, вели дека мерката е одлична и дека постои голем интерес особено кај младите.

„Во текот на денешниот ден, имавме проверка на физичката спремност на сите пријавени кандидати, ги запознавме со техниките на гасење на пожар, техниките на користење на опрема за гасење на пожар и се разбира првата помош која е изведена во соработка со Црвениот Крст на Македонија“, изјави Зоран Кочоски, претседател на противпожарен сојуз на Македонија.

Младите кандидати велат дека тимската работа, брзата реакција и правилното користење на опремата се клучни елементи на оваа интензивна обука.

Реклама

Мојот мотив е да ја спасуваме Македонија, потребни се млади херои задоволен сум од инструкторите. Денес научивме како професионално да гасиме пожар, изјави Никола, еден од кандидатите. „Оваа работа бара да ја работиш со големо срце и храброст“, изјави Јован Ѓорѓиевски.Учевме како се става личната опрема за заштита од пожарите, да се заштитиме самите себе а потоа и другите“, изјави Давид Кметовиќ.

По завршувањето на обуката во Скопје, кандидатите ќе продолжат со дополнителна обука во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување, а потоа ќе бидат распределени во 13 градови и по потреба ќе бидат ангажирани во битката со поголемите пожари.