Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

Премиерот Христијан Мицкоски најавува мерки поврзани со училишната кошничка, а вели дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски најавува мерки поврзани со училишната кошничка, а вели дека се разгледуваат и неколку концепти за цените во маркетите, како и законските можности да се санкционираат оние субјекти кои во изминатиот период драстично ги зголемиле цените.

Во изјава за медиумите дадена денеска по почетокот на изградба на спортска сала во Воената академија во Скопје, Мицкоски рече дека се прави анализа за да се види за колку е зголемено се она што беше ограничено со мерките.

-Ги следиме цените во овие два месеца откако завршија мерките и правиме анализа на се она што беше ограничено за да видиме за колку наеднаш одредени правни субјекти ги зголемиле цените.

Реклама

Ќе излеземе пред нив со детална анализа за да им укажаме дека таков тип на однесување не само што нема да толерираме, туку и ќе ги искористиме сите законски можности што ни стојат на располагање, истакна Мицкоски.

Повтори дека се анализираат неколку модели коишто во одредени сегменти биле успешни и дека целта е овој пат да има целосно сценарио со кое ќе се стабилизираат цените.

Државниот завод за статистика пресмета дека во јуни цените на мало бележат годишно зголемување од 3,7 проценти, а инфлацијата дека е зголемена за 4,5 проценти.