Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Честитка од Македонците во Албанија: Илинден е нашиот завет на достоинство

По повод националниот празник Илинден, честитка до сите Македонци, каде и да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод националниот празник Илинден, честитка до сите Македонци, каде и да се, упатија единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и македонските друштва во Албанија, порачувајќи дека Илинден е симбол на непокорот, единството и достоинството на македонскиот народ.

На овој ден, се поклонуваме пред сите херои кои се жртвуваа за македонската слобода, и ги повикуваме сите Македонци на единство, истрајност и решителна заштита на нашиот национален идентитет. Нека е честит и вековит Илинден! Да живее македонскиот народ! Да живеат Македонците во Албанија – се наведува во честитката на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Македонското друштво „Преспа“ – Пустец, во честитката наведува дека „Илинден е нашиот завет на достоинство, крвта што чука во срцето на секој Македонец“.

Реклама

Најголемиот македонски празник го честиташе и Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, порачувајќи: „Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на Илинденското востание од 1903 и големиот Илинден 1944 година“, при што објавува и фотографија од излет на Македонците во Тирана во 1937 година.

Честитка упати и Панди Јани, познат активист за правата на Македонците и локален лидер на Партијата на слободата за Пустец.