Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Николоски: Очекувам коридор 10-д да биде алтернатива за сите патници од Виена до Атина

Со одлична динамика се одвива изградбата на автопатот од Прилеп до Битола,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со одлична динамика се одвива изградбата на автопатот од Прилеп до Битола, а очекувањата се оваа автопатска делница од коридорот 10 -д да биде целосно завршена до крајот на 2027 година – истакна министерот за транспорт, Александар Николоски.

Веќе го пуштивме во употреба експресниот пат Градско-Прилеп, односно потегот Градско-Дреново-Фариш, а размислуваме да го споиме и Фариш со Прилеп со експресен пат или автопат, што ќе ја отвори централна Македонија. Тоа е делот од државата кој што најмногу придонесува во БДП, таму се произведува 80% од електричната енергија што ја произведуваме како држава, над половина од земјоделското производство, тука е мермерот, тука се едни од најголемите фабрики и комбинати кои ги има Mакедонија.Ова беше запоставен крај, а сега целосно се отвара овој крај и кон Скопје и кон соседните земји, истакна Николоски.

Во однос на врската на коридор 10 -д, министерот потенцираше дека со изградбата на оваа патна мрежа, кoридорот 10- д ќе стане алтернатива за патување кон соседна Грција за голем број патници кои патуваат на релација Виена преку Будимпешта-Белград-Скопје-Атина со што ќе се скратува патувањето за еден час.