Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Економија

ВМРО ДПМНЕ: Ако кај Филипче останало барем некакво чувство за државност, да излезе од сценариото за намерно палење на пожари, правосудните органи мора да постапуваат за шоферот на Заев

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ „За ситни политички поени, СДСМ ја стави Македонија во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

„За ситни политички поени, СДСМ ја стави Македонија во пламен.

Шоферот на поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев фатен како подметнува пожар.

Реклама

Тоа е планот на пироманската СДСМ, државата да гори а нивните апологети да креираат атмосфера на страв, паника и несигурност кај граѓаните.

Но, нивниот план пропадна пред некој ден кога полицијата го уапси лицето А.Н., возач на Заев подметнувач на пожари.

И самиот Зоран Заев, призна дека потпалувачот на пожари бил возач вработен кај него во општина Струмица.

Дополнително, постојат и голем број фотографии кои ја потврдуваат блискоста на пироманот А.Н., како со Заев и со други лица на СДСМ.

Имено, возачот на Заев може да се види на фотографии во негово друштво кога тој ги предаваше, таканаречените бомби во поранешното СЈО. На овие јавно достапни видеа и фотографии, Заев е во друштво со луѓето од највисока доверба, меѓу кои е и сега уапсениот негов возач.

Во тој период, по укажување на него блиски луѓе и соработници, Заев беше опкружен само со проверени луѓе, а достапните видеа и фотографии сведочат дека меѓу нив е лицето А.Н.

Ако тој бил проверен и човек од највисока доверба на Заев, легитимно се поставува прашањето по чија насока дејствувал кога подметнувал пожари?

Никој во државата не верува дека шоферот на Заев и негов човек од највисока доверба, сам на своја рака палел и предизвикувал пожари.

Затоа, ако кај Венко Филипче останало барем некакво минорно чувство за државност, треба да излезе од ова сценарио за намерно палење на пожари. На него му стои на располагање само една опција, да се огради од Заев и да го осуди палењето на пожарите кои ги прават негови блиски лица.

Ако Филипче молчи за ова, како што молчеше за се до сега поврзано со Заев, во целост ќе потврди дека се едно со Заев, коми знаеме дека му се восхитува, и дека ја спроведува неговата политика и агенда во спротивност на интересот и на штета на државата.

А, од друга страна, очекуваме работата на Јавното обвинителство да не биде како до сега и да го штити криминалот на СДСМ и ДУИ и оние кои за политички интерес ја палат државата.

Правосудните органи мора да постапуваат и шоферот на Заев да добие најстрога казна.“