Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Скопје се сеќава – 62 години од катастрофалниот земјотрес

Ништо не ја најавуваше трагедијата што ќе се случи. Ноќта на 25-ти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ништо не ја најавуваше трагедијата што ќе се случи. Ноќта на 25-ти јули 1963 година беше тивка, мирна – како и секоја друга. Но, само неколку часа подоцна, на 26-ти јули, точно во 5 часот и 17 минути, Скопје беше разбудено од разорен земјотрес што засекогаш го промени ликот на градот и судбините на илјадници луѓе. Во само неколку секунди, зградите се претворија во урнатини, улиците во тишина, а животите – во спомени. Над илјада загинати, илјадници повредени, и повеќе од 100.000 луѓе останаа без својот дом.

Меѓу нив и Слободанка Велковска, денес 75-годишна, која тогаш имала само 13 години. Сè уште јасно го памети утрото кога сè се урна. Спиела во кревет со сестра ѝ, и братучедите. Наеднаш силен звук, без тресење, без никаква најава – таванот се срушил врз нив. Прашина, мрак, детски плач и обид за бегство. Барале пукнатина меѓу циглите за да се извлечат.

„Немаше тресење, и еден шифуњер не поклопи, и почнавме да викаме да плачеме по мајка ми се гушевме од прашината и да кршиме плакарот да искочиме баравме спас“, изјави Велковска Слободанка.

Реклама

Сестра ѝ успеала да искочи прва, таа – веднаш зад неа. Надвор – друг ужас. Старец што ја изгубил целата фамилија. Урнатини каде што некогаш била нивната куќа. Во еден момент – поглед што го памети цел живот: татко ѝ, поклопен од плоча, угушен. Не го препознале веднаш.

„Се качуваме по тоа рушевината да ја скинеме завесата за да искочи мачката. Ја скинавме завесата и во тој момент гледаме машка работа.  Татко ми поклопен од тоа плочата и угушен не го познавме. Брзо ја искинавме завесата, тато што праите како е мама како е Влатко, како сте… добро е добро е синчиња не плачете, што сум јас добар добри се и они“, изјави Велковска Слободанка.

Потоа заминале во паркот, каде на радио ги слушале имињата на загинатите. Слободанка денес вели – тоа бил најстрашниот ден во нејзиниот живот. Неизвесноста, траумата, вресоците за помош што никој не ги слушнал. Долго потоа, солзите не престанувале.

„Тоа беше многу страшно, многу трауми зад нас, долго време плачевме, не можевме да се смириме, страшно нешто, баравме помош, не можевме од никаде да добиеме плачевме цело време. Не дај боже никаде и никогаш ова да не се повтори и никој ова да не го доживее, што ние го доживеавме“, изјави Велковска Слободанка.

Земјотресот уништи 80% од Скопје. Но, од таа катастрофа се роди една друга приказна – приказната за солидарноста. Скопје стана симбол на светска хуманост. Помош доаѓаше од целиот свет – храна, лекови, шатори, луѓе со срце. Градот почна да се гради одново – не само со тули и бетон, туку и со подадени раце и добрина. Со волја за живот и верба во утре. И денес, 62 година подоцна, Скопје се сеќава. На 26 јули, граѓани, преживеани и претставници на институциите положуваат свежо цвеќе на Градските гробишта. Низ градот се одржуваат настани, изложби и собири – со една цел: никогаш да не заборавиме. Скопје никогаш нема да биде исто. Но, Скопје покажа дека знае повторно да стане.