Петти ден молк од бугарските власти за понудата на премиерот Христијан Мицкоски во Европскиот парламент двете држави да поднесат заедничка резолуција со која ќе се потврди самобитноста на македонскиот јазик и идентитет. Помалку е и чудно што покрај Владата, претседателот Румен Радев, молчат и бугарските медиуми, па дури и еден Бгнес, кој што е познат по жестоката реторика кога е Македонија во прашање.
Додека Софија молчи, Мицкоски повторно ја фрли ракавицата. Освен заедничката декларација, тој побара Бугарија, по нејзиното узвојување, како знак на добра воља да ги испочитува и спроведе пресудите од Стразбур за правата на Македонското малцинство и да го регистрира ОМО Илинден Пирин. Со тоа ќе докаже дека има искрени добрососедски намери и дека уставните измени и правата на неколку 100-тини Бугари во државава се последен услов.
-Заеднички преку бугарските европратеници да предложиме резолуција, со која што заедно како соседи ќе го потврдиме македонскиот посебен идентитет, македонскиот посебен јазик, а потоа во знак на добра волја бугарската држава да ги примени пресудите од Стразбур, кои што се однесуваат на човековите права кои што се ускратени на Македонците во Бугарија, да ја регистрира конечно ОМО Илинден Пирин, за да може ОМО Илинден Пирин да предложи свој претставник во Министерскиот совет, за заштита на малцинските права во Бугарија, изјави Мицкоски.

Оваа понуда од македонскиот премиер следи откако Радев, кажа дека внесувањето на бугарското малцинство во Уставот е последниот услов за Македонија. Како што е познато, поради амандманите на бугарските европратеници, кои заедно со грчките колеги пред две недели, со пораки со кои ја негираат македонската нација, во Евроспкиот парламент, успеаја да издејствуваат бришење на термините македонски јазик и идентитет од извештајот за напредокот на државава.
Матеја Петровски

