Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

🎥 Стојаноска: Градоначалникот на Јегуновце, Костадиновски, реализираше и повеќе од ветените проекти

Изјава на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска: „Денес заедно со колешката Валентина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изјава на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска:

„Денес заедно со колешката Валентина Марчевска бевме во посета на населените места Старо Село и моментално Вратница од општина Јегуновце.

Во општина Јегуновце градоначалникот Димитар Костадиноски ја има надминато ветената програма од последните локални избори во 2021 година, односно ги има реализирано сите ветени проекти и во текот на изминатава година со средствата кои што беа доделени од страна на владата на Македонија, има + 20 проекти од оние ветените.

Реклама

Впрочем, во општина Јегуновце, речеси, сите жители без разлика од која генерација го кажуваат своето задоволство. Например, оние највозрастните пензионерите се задоволни од она што градоначалникот досега го има сработено, но секако и од владата, односно од покачувањата на нивните пензии, минатата година за 5.000, следнава година за уште по 2.000 денари.

Исто така задоволни се и родителите на децата кои што одат во училиште, бидејќи нели за прв пат после 7 години, оваа учебна година, нивните деца ќе започнат со сите учебници. Но исто така чув дека се задоволни родителите на најмалите, затоа што во општина Јегуновце нема листи на чекање за во градинка.

Градоначалникот Димитар Костадиновски во текот на неговиот мандат има изградено две нови градинки, едната е токму во општина Вратница и впрочем да заклучиме овде се видливи патните инфраструктурни проекти кои што ги има реализирано, видливи се зелените површини, видливи се, речиси, во секое населено место, катчињата за најмладите и ова е една успешна приказна која што е започната, нема да запре и ќе продолжи, а особено за крај сакам да истакнам дека предлозите за советници во следниот мандат се 90 % млади луѓе, што значи дека младите сакаат да останат во оваа општина , сакаат да ја продолжат оваа успешна приказна и заедно со градоначалникот Костадиноски сите овде ќе славиме веќе во првиот круг од локалните избори.“