Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

🎥 Манасиевски: СДСM во октомври ги очекува дебакл, Филипче не успеа да мотивира никого за кандидат за Скопје, па остана на Шукова која е кадар на Заев

СДСM ги очекува невиден дебакл во Скопје. Изборите ќе ги изгубат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM ги очекува невиден дебакл во Скопје. Изборите ќе ги изгубат во октомври, како што 1 + 1 = 2. Дното за СДСM не е допрено, допрва ќе го допрат во октомври, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ .

СДСM и Венко Филипче не успеале да мотивираат ниту еден човек со силен минат труд, па мораа да прибегнат да ја кандидираат Каја Шукова, од шинелот на Заев.

Шукова која беше државен секретар и министер за животна средина и не направи ништо позитивно, не остави ниту еден белег за државата, туку му слугуваше на Заев и неговите бизнис интереси, не може да биде ништо друго освен кандидат за пораз.

Реклама

Јасно и е и на самата Шукова дека ќе губи во октомври, а дека ќе треба да го преземе епитетот од Димитар Ковачевски за најслаб резултат на СДСM во историјата.

Само не и е јасно ниту на Шукова, ниту во СДСM знаат што да прават, и што да зборуваат до избори, немаат ниту план, програма не се ни мачат да прават, ќе спојат 3-4 од минатите изборни циклуси, едноставно чекаат само да поминат изборите.

Скопје ниту има потреба од егзибиции, ниту ќе ги допушти истите.

Во Скопје уште во прв круг победата ќе ја однесе Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ, рече Манасиевски.