Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

📷 Клековски во посета на општата болница во Охрид: Една година напредок и позитивни промени

Една година напредок во Општата болница Охрид. По покана на директорот Горан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една година напредок во Општата болница Охрид. По покана на директорот Горан Марковски, ја посетив Општата болница Охрид и се уверив во позитивните промени што се случуваат таму. Еве што се постигна за една година!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.

-Финансиска стабилност
Пред една година, болницата се соочуваше со долг од 170 милиони денари, над третина од годишниот буџет, наследен од претходното раководство за време на пандемијата. Со домаќинско работење и поддршка од Фонд за здравствено осигурување на Македонија, долгот е намален на 117 милиони денари. Паралелно, започна и обнова на опремата – првпат по повеќе од една деценија!

-Гинекологија: Раст и модернизација
Гинеколошкиот оддел бележи импресивни резултати со 530 породувања во изминатата година – двојно повеќе од пред неколку години! Новиот ехо-апарат, кој го замени 12-годишниот стар, е чекор напред. Дополнително, од милионите евра купени и неискористени апарати, апарат за анестезиологија вреден 100.000 евра, неискористен во ОБ Струга, сега е пренесен и функционален во Охрид.

Реклама

-Под раководство на Тони Чифлигароски, одделот за радиологија доби нов ехо-апарат – првпат по 12 години. Сепак, предизвиците остануваат: рентгенот е сè уште аналоген, а компјутерската томографија од 2013 година, со над 60.000 снимања, бара замена.

-Педијатрија: Подобрена услуга
Со четири доктори и работа во две смени, педијатрискиот оддел сега нуди подобра и подостапна грижа за најмладите.

-Патологија: Брза дијагностика за онкологија
На крај, но не најмалку важно, под водство на Габриела Соколовска Маловчева, одделот за патологија доби нова опрема, што значително го зголемува капацитетот за онколошка дијагностика. Во време кога бројот на онколошки заболувања расте, брзите наоди (готови за само 7 дена) можат да спасат животи.

-Предизвици и идни цели
Работата на одделот за уво, грло и нос е еден од приоритетите за подобрување. Приоритет е и потребата млади доктори и медицински сестри. Сепак, верувам дека со посветеност, овие предизвици ќе се надминат еден по еден.

-Охрид и Струга: Здравствен центар на иднината!
Езерскиот регион, со своите 7 здравствени установи, има потенцијал да стане еден од најдобрите здравствени центри во земјата. Заедно, Охрид и Струга можат да обезбедат врвна здравствена заштита за регионот и пошироко! , пишува Клековски во својата објава.

Фотографиите може да ги погледнете на следниот линк: